Late Matinee во Скопје Сити Мол - Урбани музички звуци на отворената летна сцена во месец јуни

Скопје Сити Мол им го разубавува јуни на жителите на Скопје и своите посетители со возбудлива музичка програма на отворената летна сцена со осум концертни настапи на современи домашни изведувачи и бендови кои негуваат свој специфичен модерен звук на џез и фанк. Почнувајќи од 3 јуни, секој вторник и четврток во јуни, од 19.00 до 21.00 часот Скопје Сити Мол ќе биде местото за уживање на музичките сладокусци во Late Matinee (Доцно Матине) на несекојдневната урбана сцена поставена во урбаниот парк пред трговскиот центар. Изборот на програмата и изведувачите на Late Matinee ги отсликува заложбите на Скопје Сити Мол за промовирање на градската модерна културна сцена во која, овој пат, посетителите на трговскиот центар и жителите на Скопје може да уживаат во звуците на настапите на новите, но и веќе познати имиња на македонската музичка сцена кои носат модерен урбан звук, дух и култура.

„Скопје Сити Мол дефинитивно ќе понуди уникатни содржини за летото во градот. Со јунската програма на настапи одбравме да го промовираме модерниот урбан џез и фанк звук на македонските музичари за да ги пресретнеме културните вкусови на граѓаните на Скопје. Планирани се осум настапи на различни бендови, секој вторник и четврток во јуни, а за да биде целосно доживувањето поставивме урбана летна сцена во рамки на урбаниот парк кај ДНК кулата пред трговскиот центар. Веруваме дека со Late Matinee ја збогатуваме културната понуда на градот и дека ќе им го разубавиме јуни на нашите посетители.“ – истакна Дамјан Корубин, Маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.  

Програмата на Late Matinee ја отвора младата вокалистка и музичарка Агни Авшар која ќе настапи како дел од квартет во четврток, 3 јуни. По звуците на модерниот џез, во вторник, 7 јуни повторно настап на квартет со фанк програма. Следете ги профилите на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол за деталните на јунската културна програма на Late Matinee.

Концертните настапи на Late Matinee се на отворена сцена достапни за сите, подарок од Скопје Сити Мол за граѓаните за културно урбано лето. 

ПР објава