Лавина од коментари ги запали социјалните мрежи: Не знаеме како се вика оваа бубачка, но ЗНАЕМЕ ДЕКА ВЛЕГУВА ВО УШИ!

Социјалните мрежи буквално се „запалија“ поради едно, наизглед, безопасно прашање: „Која е оваа бубачка?“ Да, добро прочитавте. На познатата мрежа Reddit се појави фотографија од инсект кој сите го препознаваме, но малкумина му го знаат вистинското име. Додека се распламтуваше дебатата околу името, едно е сигурно – сите имаме некоја „страшна“ приказна со ова суштество!

Kako se kod vas zove ova buba?
byu/negaziranavoda inAskSerbia

Коментарите веднаш започнаа да врнат!

Некој ја вика уволажка, друг улара, трети – ножици, но најинтересно е што многумина едноставно ја нарекуваат „онаа грозната бубачка од алиштата“!

Сте ја виделе ли баш таму каде што најмалку сте очекувале? Секако, не може да не се споменат коментарите на Reddit, каде што луѓето прашуваат: „Која е оваа буба?“ или „Дали треба да ја убијам?“ – очигледно е дека не сме единствени кои се ежат, а не знаат ни како точно се вика.

Хорор митови од детството – навистина ли влегува во уво?!

Најголемата непријатност, секако, ја предизвикува стариот мит дека уволажката влегува во уши додека спиеме, дека може со клештите да ја пробуши тапанчаната мембрана, па дури и да стигне до мозокот!

„Се сеќавам како дете се плашев да спијам без да си ги покријам ушите, само поради тие приказни!“ – вели една корисничка. Но, веднаш да ве смириме – експертите одамна потврдиле дека тоа е целосна бесмислица.

И покрај тоа што звучи како сцена од хорор филм, науката вели дека тоа е само народна легенда. Интересно е и тоа што името earwig (англиски) потекнува од староанглискиот јазик и се однесува на изгледот на нејзините крила, кои, кога се раширени, наликуваат на човечки уши – а не затоа што навистина влегува во нив.