Лажеш и ова е фотошоп: Софија Вергара лажирала дека се вакцинирала?

Таа е една од најубавите жени во светот и има армија од обожаватели. Секси, паметна, добра глума... Но...

На својот Инстаграм Софија Вергара  објави видео во траење од неколку секунди во кое наводно е снимена како се вакцинира против коронавирус.

„Го направив тоа за моето семејство, за моите пријатели кои не можат да се вакцинираат заради медицинските третмани што ги добиваат, го сторив за да можеме сите да си го вратиме животот во нормала. Го сторив тоа затоа што сметам дека е исправно. За кој се вакцинираш ти?“ напиша актерката под објавата.


Но, коментарите под видеото се поделени.

Некои ја пофалија актерката за промовирање на вакцинацијата.

„Честитки“, „Прекрасна порака, Софија“, „Ви благодарам што го споделивте ова“, напишаа некои. Но, сепак, мнозинство верува дека видеото е лажно и дека актерката всушност не се вакцинирала.

"Зошто тој не носи маска или ракавици?", "Зошто ја држи иглата така? Зар не треба палецот да биде одозгора за да ја исцеди течноста во твојата рака? Не верувам во ова", "Ти не си се вакцинирала и тоа се гледа на снимката. Видеото е лажно", “Лош фотошоп", се само дел од коментарите.

Софија не реагираше на овие обвинувања.

Што мислите вие?

извор:story.rs