Лажни се информациите! Џенифер Анистон ги демантираше гласините за посвојување дете
Фото: Instagram / ginemargrethe
Приказната за оваа актерка со грчки корени како мајка
започна уште за време на снимањето на серијата ‘Пријатели’ кога беше во брак со
актерот Бред Пит.
Ова не е првпат да се пишува на оваа тема. Во последните неколку години, Џенифер се најде во центарот на вниманието поради приказните за посвојување кои на крајот се покажаа лажни.
Портпаролката на Џенифер Анистон (52) ги демантираше сите извештаи во медиумите дека познатата актерка ќе посвои девојче од мексиканското сиропиталиште Каза Хогар Сион.
„Приказната е измислена и ништо од тоа не се случило или се случува“, изјави портпаролката за „Дејли меил“, разочарувајќи ги фановите кои беа многу задоволни од веста.
Да потсетиме, британското списание Клосер прв ја прошири веста дека Џенифер реши да ја посвои дете.
Во текстот тие напишаа дека оваа одлука ќе се реализира во јуни и дека таа веќе ги споделила среќните вести со тимот за снимањето на нови епизоди од хит серијата „Пријатели“.
Сепак, ова не е првпат да се пишува на оваа тема. Во последните неколку години, Џенифер се најде во центарот на вниманието поради приказните за посвојувања кои на крајот се покажаа лажни.
Самата актерка никогаш не ја исклучи можноста да стане мајка.
Анистон никогаш не зборуваше отворено за можноста да посвои дете, и како и овој пат, таа жестоко ги негираше ваквите обвинувања.