Легендата на клубот го напушта Јувентус по 18 години, си одам, тажно е што заминувам без трофеј
Џорџо Кјелини кој има 37 години е легенда во Јувентус, и секако репрезентацијата на Италија, долги години важи за еден од најдобрите дефанзивци во Европа и Светот, ја напушта „старата дама“ по завршувањето на сезоната.
Дефанзивецот на Јувентус, потврди по вчерашниот меч со Интер во финалето на Купот, дека е готово.
„Во понеделник во претпоследното коло против Лацио на нашиот стадион ќе се поздравам со моите навивачи од Јувентус, тоа ќе бидат последните минути во овој дрес, можеби ќе одиграм некоја минута на гости во Фиренца … Го напуштам клубот спокоен и радосен, жал ми е што завршувам сезона без трофеј, нешто тргна на лошо, искрено не бевме доминантни“ - изјави Кјелини.
Џорџо Кјелини е во Јувентус од 2004 година, тогаш дојде од екипата на Ливорно, за „старата дама“ има речиси 500-тини настапи, запиша 27 гола, за репрезентацијата на Италија има 116 средби.