Лекарите со помош на chat gpt создадоа модел за тоа како ќе изгледа човекот за 25 години од сега: Податоците се загрижувачки
                    Авторите на апликацијата за броење чекори WeWard, со помош на ChatGPT и податоци од Светската здравствена организација (СЗО), креираа дигитална проекција на човекот од блиската иднина – поточно од 2050-тите години.
Резултатот, како што велат многумина, е застрашувачки и токму затоа ликот доби надимак – „Сем, гоблинот од каучот“.
Проекцијата е направена како медицинска симулација што покажува како физичката неактивност влијае врз изгледот и здравјето. Според СЗО, дури 80% од тинејџерите во светот не го достигнуваат минималното ниво на физичка активност, пренесува New York Post.
„Во денешната култура на удобност, сè – од нарачување храна, до работа и дружење – го правиме од фотелја“, наведуваат од компанијата WeWard.
Со часови поминати во „скролање“ на социјалните мрежи, просечниот човек денес седи повеќе од кога било, што носи сериозни здравствени последици.
SCIENCE & TECH: Horrendous AI model depicts what we'll look like in 25 years https://t.co/rnmh7YYxCe pic.twitter.com/gBFVNDaiGj
— U-S-NEWS.COM (@us_news_com) November 1, 2025
„Ако барате нешто навистина страшно, погледнете како би можеле да изгледаме ако продолжиме да ја бираме удобноста наместо движењето“, предупредуваат авторите.
На прикажаната симулација, Сем има прекумерна тежина, неправилно држење и свиткан врат нанапред – поради постојано гледање во екрани. Лекарите предупредуваат дека оваа положба може да предизвика болки во вратот, рамениците и мускулни оштетувања.
Покрај тоа, светлината од екранот ја забрзува староста на кожата, создава темни флеки и брчки, а премногу време пред уредите предизвикува „суви очи“, главоболки и заматен вид.
Слаба циркулација води до отечени стапала, проширени вени и ризик од тромбоза, а долгото седење ја влошува подвижноста и доведува до губење на коса.
Извор: Telgraf.rs / Freepik