Леклер од Ферари победи во Австрија, се запали болидот на Саинц

Шарл Леклер од Ферари запиша победа на трката за Големата награда на Австрија, 11 трка во Ф1 шампионатот.

За Леклер ова беше петта победа во кариерата, трета сезонава, а интересно прва на трка од која не стартувал од пол-позицијата.

Зад Леклер се пласираа, Макс Ферстапен од Ред Бул и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Во 57. круг, Карлос Саинц мораше да се откаже, имаше проблеми со моторот, а потоа и му се запали болидот.



Следната трка ќе се вози на 24 јули за Големата награда на Франција и тоа на патеката „Пол Рикар“