Спорт // Спорт
Леклер повторно со „казна“, десет места подоле од стартната позиција за ГН на Канада
Шарл Леклер од Ферари, на трката за Големата награда на Канада ќе стартува за 10 позиции подоле, причина е „казната“ поради промената на елементите на електрониката на погонската единица, односно турбокомпресор и мотор за внатрешно согорување.
Поради истата причина, Леклер имаше исти проблеми и во Азербејџан. Ова е трет пат сезона како го менуваат истиот дел од болидот во Ферари, а дозволено е само два пати, возачот на Ферари ќе стартува десет позиции подоле на стартот на наредната трка од пласманот во квалификациите.
Трката за ГН на Канада ќе се вози во недела од 20 часот.