Лекува лудило и депресија: Го има кај нас, но тој е и отров и лек

Кукурекот е прекрасно, шумско растение, познато по својата способност да лечи, но и да убие. За него кружат бројни легенди. Кај нас, долго време се користи за лекување, но некои му приоѓаат „само ако е потребно“. Покрај сите квалитети што ги има, не се заборава и најсилниот - тој е крајно отровен, а со тоа и смртоносен!

Овој цвет е еден од весниците на пролетта. Се појавува во зелена, бела, розова и виолетова нијанса. Тој е исклучително отпорен на студ, а понекогаш и неговите навидум нежни цвеќиња се појавуваат под снежна покривка. Во некои делови на Европа (Велика Британија), тој расте од декември, па се нарекува и Божиќна роза.

Својствата на кукурекот им биле добро познати на античките Грци но и на античките Македонци. За неговата токсичност се верува дека многу јунаци подлегнале. Го нарекувале црн хелеборос што значело отровна храна. Користен е како лек за ментални нарушувања и за смирување. Многумина тврдат тврдеа дека добитокот што јадел кукурек за време на пасење скоро неизбежно се разболел. Меѓутоа, ако козите го јадат ова растение и преживеат, нивното млеко ќе се користи за лекување на епилепсија.

Митологијата го направи ова растение широко прославено. Херкул наводно го излекувал своето лудило со кукурек, а големиот Александар Македонски починал затоа што го користел како лек предолго- во некои извори се наведува дека е отруен токму со кукурек.

Според христијанското верување, овој цвет е создаден пред 2.000 години. За време на раѓањето на Исус, девојка дошла во Витлеем за да го поздрави раѓањето на Синот Божји. Таму се сретнала со мудреците од Исток кои му донеле дарови на Христа: злато, темјан и миро. Девојчето беше неутешно, сфаќајќи дека нема да има што да даде. Потоа се појави ангел, ја допрел земјата со крилјата и од неа никнала Божиќна роза (кукурекот). Според оваа легенда, новородениот Христос го добил овој необичен дар.

Во нашата земја, ова растение лечи и се користи за магија во одредени региони. Некои го користат за лекување на лудило и депресија, но тоа мора да биде во строго контролирани услови. Кукурекот се употребува при срцеви заболувања, во форма на инекции, инфузии и слично, само во конвенционалната медицина. Во некои места, се употребува за лекување на животни ( спрежување ). Не смее самоволно да се употребува.

Ова растение сака многу вода, затоа напојте го добро за време на есента и пролетта, а во текот на летото скоро и да не му е потребна никаква грижа.