Лепа Брена го прослави својот 60. роденден: Но видете како паѓаше неколку пати на сцена
Мега ѕвездата Лепа Брена го прослави својот јубилеен 60- роденден, а Боба Живојиновиќ, нејзиниот сопруг имаше специјално изненадување за неа. Тој им организираше ручек на нивните пријатели во еден од рестораните.
Синот на пејачката Виктор го снимаше Боба додека тој подготвува храна за прославата на неговата сопруга, а очигледно на трпезата има раскошни јадења. Боба дури и подготви јастог.
Да потсетиме, Брена истакна дека годините и се само бројка, а роденденот го слави со семејството и нема да оди на патувањето со кое мислеше дека ќе ги изненади сите. Како гости на прославата се појавија Жика Јакшиќ и Ацо Пејовиќ.
Инаку, Брена во својата долгогодишна кариера одржа многу концерти ширум Европа и светот, големи турнеи и настапи кои траеја и по 4 часа. Но, не остана имуна на паѓањата на сцена. Високи потпетици, еден мал погрешен чекор и се најде неколку пати на подот
Погледнете: