Спорт // Спорт
Левандовски му соопшти на Баерн, заминува во клубот во кој сонувал да игра
Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен, извонредниот напаѓач му соопштил на шампионот на Германија дека заминува.
Полјакот си оди летово иако има договор до 2023 година, тврди Билд, кој најавува трансфер во Барселона, тоа на Левандовски му е голема желба, клубот за кој отсекогаш сонувал да игра.
Инаку Левандовски важи за еден од најдобрите напаѓачи сезонава во светот, иако има 33 години, одигра феноменална сезона, запиша 49 гола на 45 меча во сите конкуренции, има седум асистенции, во Баерн Минхен е од 2014 година.
Барселона се очекува да му плати на Баерн околу 50 милиони евра.