Леванте и Барди испаднаа, Реал Мадрид му ја наполни мрежата со шест гола

Леванте  запиша пораз на гости во Мадрид кај Реал со убедливи 6-0 и со тоа го потврдија испаѓањето во Втората лига.

Енис Барди на мечот влезе  во 39. минута минута, серијата од голови ја отвори  Менди, продолжија да погодуваат, Бензема, Родриго и Винициус кој запиша хет-трик.

Во Ла Лига има уште две кола, Леванте заостанува шест бода зад 17. пласираниот Кадиз.