Лоши, а корисни: Кои навики имаат позитивни дејства за вашиот организам?
Штом помислите на овие работи веројатно веднаш ви се гади, но истражувањата покажаа дека овие навики имаат корисни дејства врз нашиот организам и тело..
Уште од мали не учат да бидеме чисти, да водиме сметка за личната хигиена и
да ги избегнуваме одвратните навики, како што се плукањето, подждригнувањето и
сл. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека ваквите навики можат да бидат корисни и
да му бидат од помош на нашето здравје.
Еве за што станува збор:
1. Уринирате додека се туширате
75% од испитаниците изјавиле потврдиле дека уринираат додека се тушираат, но дека се срамуваат тоа да го признаат. Секако, ова се смета како лоша навика , бидејќи урината е нешто што го доживуваме како гнасно и заразно. Меѓутоа, урината е стерилна и има антибактериски дејства, па истражувањата покажуваат дека оние кои уринираат при туширање имаат многу помали шанси да добијат габични инфекции на стапалата.
2. Плукање
Плукањето е навистина лоша навика која никако не смеете да ја правите на јавни места, но кога сте сами или кога никој не ве гледа, тогаш плукањето и не е толку лошо, бидејќи го чисти вашето грло и ви овозможува полесно и подобро дишење. Плукањето е препорачливо и корисно за време на тренинг или кога извршувате некои напорни активности.
3. Гасови
Иако се перцепира како доста луда и одвратна појава, гасовите во стомакот се нормална појава што му се случува на секого. Без разлика дали сте свесни за тоа или нево просек една личност испушта гасови 14 пати на ден, а тоа исто така се случува неколку пати за време на спиењето. Јаглерод диоксидот и метанот се гасовите што го предизвикуваат и нормално и здраво е да се направи тоа во текот на денот. Само обидете се да го сторите тоа додека сте во тоалетот или надвор, за да не се посрамотите пред вашите пријатели. Ако го чувате гасот во стомакот, тогаш можете да создадете сериозни проблеми кои обично се придружени со болка.
4. Ждригање
Исто како и гасовите во стомакот, така и ждригањето е начин преку кој вашето тело се ослободува од вишокот гасови. Овде директно се исфрлаат гасови од желудникот преку телото, со што се олеснува варењето на храната. Се разбира, ждригањето е несоодветно и некултурно, затоа направете го ова со покривање на устата со шамиче или заминете во тоалет.