Лозано манекен: Припиена облека за мачо мен

Има исклучителниот осет за музички хитови не не значи дека го нема и во стилот. 

Влатко Лозаноски со години се облекува модерно, но никогаш не претерува и не прави несоодветни егзибиции. На сцена е умерен, никако премногу впечатлив... 

Скоро сигурен е дека сака неговите песни да се во центарот на вниманието, а тој како изведувач само да им ја даде нежноста, силата, тага, емоцијата...и сето тоа да го пренесе на публиката. 

Но сепак, стилски знае да доминира. Ако ништо повеќе, тој го задржа својот личен печат, за разлика од неговите колеги кои прават циркуз од себе во поглед на облекувањето. И сето тоа за се поголема слава. 

Влатко е спортско- елегантен тип. Обожава да носи маички со костум и патики, како и кожени јакни во комбиација со фармерки.

Овој пат, го гледаме во нешто поразлично. За потребите на „Фешн груп“ и брендот „Аристотели Битсијани“ тој направи одлична фотосесија за најновата колекција во која изгледа како пејач со светска кариера.

Облечен во тесна облека, хит кошула на риги и црни панталони, фотографиран на плажа, оддава впечаток на мачо мен спремен за авантура.

Н.Т.