„Лудиот“ тркачки автомобил: Моќниот X-Bow GTX
KTM е толку добар во производството на мотори што апсолутно доминира на познатата рели трка во Дакар уште од 2001 година и беше апсолутен шампион во последните 19 години.
Оние кои управуваат со овие мотори велат дека не се создадени само за авантуристички патувања, туку дека поседуваат една од најразвиените линии на мотоцикли на пазарот. Но, малкумина се свесни за фактот дека фабриката КТМ произведува и машини со четири тркала.
Пред нешто повеќе од една деценија, KTM го претстави својот прв автомобил наречен X-Bow наменет исклучиво за тркачки патеки. По 12 години, КТМ го претстави својот наследник и тој е апсолутно фасцинантен.
Запознајте се со X-Bow GTX, затворен тркачки автомобил.
Додека оригиналниот X-Bow има само 354 КС, GTX има многу помоќен 2,5-литарски, пет-цилиндричен TFSI мотор од Audi од 600 КС. KTM вели дека GTX тежи само 1000 килограми, што значи дека тркачкиот автомобил добива 600 кс, што е лудо!
Aвстриската марка соопшти дека е направена само една серија од 20 автомобили.