„Лудиот“ тркачки автомобил: Новиот моќен X-Bow GTX
KTM е толку добар во производството на мотори што апсолутно доминира на познатата рели трка во Дакар уште од 2001 година и беше апсолутен шампион во последните 19 години.
Оние кои управуваат со овие мотори велат дека не се создадени само за авантуристички патувања, туку дека поседуваат една од најразвиените линии на мотоцикли на пазарот. Но, малкумина се свесни за фактот дека фабриката КТМ произведува и машини со четири тркала.
Пред нешто повеќе од една деценија, KTM го претстави својот прв автомобил наречен X-Bow наменет исклучиво за тркачки патеки. По 12 години, КТМ го претстави својот наследник и тој е апсолутно фасцинантен.
Запознајте се со X-Bow GTX, затворен тркачки автомобил кој исто така ќе биде дел од трката GT и ќе се натпреварува во новата класа GT2.
Додека оригиналниот X-Bow има само 354 КС, GTX има многу помоќен 2,5-литарски, пет-цилиндричен TFSI мотор од Audi од 600 КС. KTM вели дека GTX тежи само 1000 килограми, што значи дека тркачкиот автомобил добива 600 кс, што е лудо!
KTM објави само две слики од GTX, што ни дава многу ограничена идеја за дизајнот на автомобилот. Сепак, можеме да видиме луд аеро-пакет на него што треба да му даде апсолутно луда моќ и брзина. Нема збор за цената, но австриската марка соопшти дека до 2020 година ќе биде направена само серија од 20 автомобили.