Лудо брзо возење на автопат: Камион вози со 150 километри на час (ВИДЕО)

На социјалната мрежа ТикТок, корисник од Србија објави видео снимено додека вози на автопат.

Она што ги шокираше сите што ја погледнаа снимката беше брзината со која се движеше камионот.


Возачот на автомобилот сними дека одел со брзина од 140 километри на час, во одредени моменти дури и скоро 150 километри на час, а пред него бил камион кој го диктирал темпото.


Фото и Видео: ТикТок