„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“
И покрај зголемениот стандард и ниската стапка на невработеност, економската состојба на младите се уште е лоша - цените и на становите и на општите трошоци за живот постојано растат, пишува германски новинар.
Во извештајот на онлајн порталот на уредувачката мрежа на Германија (РНД) за животот во „најмладата членка на Европската унија“, авторот Торстен Фукс забележува дека бројките го покажуваат несомнениот економски напредок на Хрватска по единаесет години членство во ЕУ.
„Бруто домашниот производ порасна од речиси 60 на добри 71 милијарда американски долари во 2022 година, невработеноста падна од 17 на 6 на 7 отсто, а годишните плати се речиси исти како во Полска и Унгарија. Покрај тоа, земјата добива огромни финансиска помош од ЕУ, 30 милијарди евра само од 2021 до 2027 година“, се наведува во текстот.
Но, во исто време, корупцијата се издвојува како голем проблем. Премиерот Андреј Пленковиќ во изминатите осум години мораше да разреши 30 министри, од кои повеќето поради обвинувања за корупција. Земјата е само на 56-то место во глобалниот индекс на корупција на Транспаренси Интернешнл. Според новиот закон, укажувачите кои цитираат од истражните досиеја се соочуваат со затворска казна до три години. Според новото истражување, 74 отсто од населението е незадоволно од насоката во која се развива земјата, пишува RND.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.