Луѓето праваат греалки од саксии! Еве што ви треба, но експертите имаат и предупредување

Луѓето на социјалните мрежи објавуваат упатства како да се загреете во зима на лесен начин со помош на свеќи и земјени садови.

На социјалните мрежи луѓето масовно гледаат видеа на Јутјуб објавени од Британец во кои тој објаснува како евтино да се стоплите во зима. Тој објасни што му е потребно на некој за да направи греалка за „буквално пет минути“. „Таа греалка не работи на дрва, струја или гориво како дизел или бензин“, вели тој.

За оваа греалка, која може добро да ве загрее кога нема струја, нема дрва за шпоретот, а нема генератор, потребно е пред се земјена саксија и неколку бели свеќи во метална основа, кои може да се купат во пакувања од 50 или 100 во продавниците. Многу луѓе се воодушевени од идејата затоа што со децении наназад  не им беше потребен ваков грејач и прашање е дали би можеле да се снајдат на сличен начин.

Една жена, откако го изгледа видеото на Јутјуб се заблагодари на неговиот автор кој, како што рече, ја спасил од смрзнување. Во друг коментар стои дека ова се обидел сам да го направи дома и дека саксијата - земјениот сад брзо успеал да се загрее на висока температура, која потоа се проширила наоколу во собата.

Кои се опасностите од греалки од саксии од теракота?

Според офицер од лондонската противпожарна бригада, овој систем за греење е многу небезбеден, а има неколку причини зошто. Тој посочува дека постои сериозна опасност од пожар. „Ако неколку свеќи се стават блиску една до друга, целиот растопен парафински восок може да се запали. Садот со теракота многу се вжештува и може да предизвика изгореници ако се допре. Исто така, произведуваат саѓи, што не е добро за квалитетот на воздухот во затворените простории“, вели овој пожарникар.

Погледнете ги упатствата за грејачот од теракота:


Фото и Видео: Youtube