Луј Витон претставува нов елегантен асортиман на кожни производи, во форма на новата колекција LV Aerogram
Инспирацијата за оваа линија Виргил Абло ја најде во форма на Аерограм, односно хартија што се витка, со цел да сe создаде лесен поштенски плик.
Продолжувајќи ја нивната тема Art of Travel, кожните чанти ја отелотворуваат модерната визија за патувањето.
Создадена од високо квалитетна кожа, завршена со чисти архитектонски линии, колекцијата LV Aerogram содржи ранец, торба, мала торба, футрола за мобилен телефон и паричник.
Францускиот модел Алексис Мејсон-Дозер е заштитно лице на новата колекција, позирајќи пред објективот на фотографското дуо, Мелани + Рамон. Носејќи безвременски парчиња Луј Витон, Алексис стави во прв план елегантни нови торби.