Лука Модриќ објави фотки од семејната прослава па ги разнежни и славните ѕвезди: „Честитки за принцезата“

На својот профил на Инстаграм, Лука Модриќ сподели дел од славеничката атмосфера од четвртиот роденден на неговата ќерка.

Фудбалерот и капитен на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, разнежни илјадници свои фанови со фотографии од роденденската забава на неговата ќерка, кои ги објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

36-годишниот Лука одлучи да сподели дел од славеничката атмосфера од неговиот дом на својот профил на Инстаграм, поточно онаа од прославата на 4-тиот роденден на неговата ќерка Софија. На фотографиите, Лука позира со малата славеничка, како и со неговата ќерка Ема, синот Иван и природната сопруга Вања. Се чини дека Софија е голем обожавател на еднорогот, па сѐ беше украсено со тој мотив, од тортата и колачите до соодветните украси.

View this post on Instagram

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)



„Среќен роденден на мојата прекрасна принцеза! Те сакаме многу! Среќен роденден се мое!“, напиша Лука со објавата што им се допадна на речиси 400 илјади негови следбеници.

Многумина од нив им се придружија на честитките во коментарите, вклучително и многу познати фудбалери како Франческо Тоти, Роби Кин, Франк Рибери, Луис Фиго и ѕвездата од хит серијата „La Casa de Papel“ Лука Перош.

„Честитки за принцезата", "Среќен роденден за неа", "Среќен роденден, царица Софија! Уживај", "Ѝ посакувам најсреќен роденден", "Ѝ посакуваме живот полн со љубов и среќа", "Среќен роденден на малата принцеза “, се дел од честитките што ги доби.