Луксузни машки парфеми со цена од 10.000 долари: Во 3D печатени шишиња
Дизајнерот Рос Ловгроув, соработуваше со Организацијата на Формула 1 за да презентира парфеми кои се инспирирани од овој спорт ...
Колекцијата се состои од три ексклузивни парфеми кои содржат 3Д печатени шишиња во ограничено издание кои комбинираат дизајн, технологија и легендарна приказна за Формула 1.
Рос успеа да создаде таков комплексен и уникатен дизајн, имитирајќи ја комплексноста на напредниот Формула инженеринг. Едното шишенце е позлатено, изработено од титаниум и е инспирирано од структурата на автомобилот Ф1.
Проследено е со шишето Fluid Symmetry, на кое директно влијае и аеродинамичкиот дизајн на автомобилот, додека на третото место е шишето, кое преку геометриски комплексности го покажува инженерството на автомобилите во Формула 1.
Цената е од 10 000 долари, а вкупно ќе се произведува само 100 вакви парфеми.