Луксузни патики од пченка !?
На почетокот на оваа година, Gucci го подобри луксузниот
пазар со своите еколошки свесни практики со создавање на сосема нов,
револуционерен материјал наречен Demeter, кој комбинира квалитет, мекост,
издржливост и приспособливост без да ѝ наштети на нашата планета.
Нивните стапки сега ги следи Луј Витон, со нивните први еко-дизајнирани патики направени, ни помалку ни повеќе, од пченка. Со нивните нови Charlie патики, тие ни го претставија материјалот наречен Biopolioli, пластика на база на пченка, која се користи за создавање на овој основен, но впечатлив унисекс дизајн. Тоа не е се – табаните на овој модел се состојат од 94% рециклирана гума, додека врвките за чевли се исто така создадени од рециклирани влакна.
Францускиот луксузен бренд многу сериозно ја сфати својата улога во зачувувањето на природната средина. Кутијата во која доаѓаат овие патики е исто така создадена од целосно рециклиран картон. Очигледно, при создавањето на овие еко-патики, Луј Витон дал се‘ од себе. Чарли патиките се произведуваат во работилницата на Луј Витон во Фиесо д’Артико, Италија. Се нудат само во една боја, додека црните и сивите акценти ги красат двете верзии - плитки и длабоки.
Неколку други луксузни брендови се впуштија во транзиција кон одржливо производство. Хуго Бос освои многу поени создавајќи го својот прв костум без производи од животинско потекло. Стела Макартни и Адидас соработуваа на веганската верзија на Стен Смит во 2019 година. Конечно, можеме да кажеме дека новите патики на Луј Витон може да се купат за 1.080 долари во плитка верзија или 1.130 долари во длабоката верзија, а веќе се достапни во нивните бутици ширум светот.
Фото: Luxury Launches