Лутите луѓе многу лесно добиваат плус килограми
Новите студии посочуваат дека луѓето кои често се лути имаат поголема тенденција да се здебелат ...
Ако не знаете зошто не можете да изгубите тежина, тогаш вашата лута природа може да биде сопирачка што не дозволува да ја достигнете саканата тежина. Научниците малку се справиле со оваа тема и откриле дека луѓето кои се лути имаат проблем со губење на тежината, и еве зошто.
Кога сте лути, вашето тело лачи адреналин и кортизол. Кортизолот предизвикува скок на шеќерот во крвта и се создава гликоза во организмот. Истиот процес се случува кога тренирате, но потоа гликозата се користи за да ги нахрани мускулите, додека во овој случај, кога сте лути, гликозата се претвора во маснотии.
Значи, кога се лутите и кога сте нервозни , вашето тело буквално создава поголеми количини маснотии што ве тераат да се здебелите и да имате прекумерна тежина. Откриено е дека лутите и нервозни луѓе имаат поголема веројатност да чувствуваат глад, што доведува до поголем калоричен внес на дневно ниво, што повторно доведува до зголемување на телесната тежина и телесни масти.
Ако сакате да изгубите тежина и да го доведете вашето тело во ред, прво нешто што треба да направите е да бидете посреќни и да не се лутите многу, а потоа да се посветите на добро вежбање и да ја балансирате вашата исхрана и ќе видите дека можете да постигнете видливи резултати.