Тренд // Стил
Made to Measure од Gucci: За софистицирани мажи кои знаат како да создадат врвен стил
- 12 Септември, 2024
Made to Measure by Gucci е шармантен, машки, привлечен и харизматичен парфем наменет за софистицирани мажи.
Парфемот машки партнер на женското издание на Gucci Premiere од 2012 година и се отвора со ноти на бергамот, цвет од портокал од Тунис, лаванда и анасон.
Во срцето на овој софистициран, модерен, заводлив и сензуален парфем се морско оревче, воден крин, слива, цимет и бобинки од смрека, додека основата на парфемот се состои од мешавина од лабданум, пачули, кожа и килибарни ноти. Рекламното лице на парфемот Made to Measure е познатиот актер, режисер и писател Џејмс Франко.