Мајк Тајсон и понатаму е ѕвериште
Погледнете како тренира легендарниот боксер, кој сега има 53 години ...
Мајкл Џерард, познат како Мајк Тајсон е дефинитивно еден од најдобрите боксери и борци на сите времиња. Оваа легенда во „тешка категорија“ е роден 1966 година и влезе во историјата на боксот со тоа што стана најмладиот боксер што ги освои титулите ВБЦ, ВБА и ИБФ на само 20 години.
Тајсон стана светски феномен и сите беа воодушевени од неговата моќ и неговата техника со којаникој не може да му парира. Дури и легендарниот Мухамед Али изјави дека ќе има проблем да се најде во рингот со Тајсон.
Тој навистина беше парна локомотива што удираше и носеше сè пред себе. Иако водеше бурен живот и често беше мета на новинарите, Тајсон беше вистински шампион во секоја смисла на зборот и ќе остане засекогаш запаметен во историјата на боксот.
Иако долго време е во пензија и влезе во шестата деценија од животот, Тајсон сепак покажува дека е вистински тешка категорија и „убиец„, затоа што на својот профил на Инстаграм покажа дека сè уште знае како да удри тешко.
Проверете го овој клип што сигурно ќе ве остави без зборови.