„Мајка ми бара да му помогнам на брат ми, а да земам од устата на моите деца“: Андреа се наоѓа во центарот на семејна драма

Андреа, сопруга и мајка од Филаделфија, неодамна се најде на сериозна финансиска и емотивна пресвртница, растргната меѓу семејната лојалност, културните очекувања и посветеноста кон финансиска стабилност.

– Навистина сум во многу незгодна ситуација. Мојот брат и мајка ме молат да му позајмам 3.000 долари на брат ми – се пожали оваа жена во една емисија.

Кој беше главниот проблем?

Барањето од семејството било парите да се искористат за покривање на деловните трошоци на нејзиниот брат. Сепак, Андреа и нејзиниот сопруг ги штеделе тие пари за да ги отплатат своите долгови.

Кога Андреа ја сподели својата ситуација во емисијата, водителката ѝ понуди алтернативен предлог.

– Зошто таа (мајка ѝ) не му позајми 3.000 долари на синот? – праша Џејд, мислејќи на мајката на Андреа.

Андреа одговори: – Затоа што таа нема пари.

Потоа водителката се вмеша, нагласувајќи дека ни Андреа нема пари, бидејќи е во долгови со сопругот, а идејата од каде да се земат тие пари за да му се помогне на братот ги вознемири сите. 

Имено, ситуацијата станала уште покомплицирана кога Андреа открила какво решение ѝ предложила нејзината мајка — да се земат парите од штедната сметка на децата на Андреа.

– Понекогаш разговарам со мајка ми и ѝ велам дека штедиме пари за децата. А нејзината идеја беше да ги земеме парите од детската штедна сметка и да му ги дадеме на брат ми – тие 3.000 долари – рече Андреа.

Извор: ona.telegraf