Македонец прикажа како би изгледало Југо со најсовремена технологија
Христов како основа ја употребил карактеристичната коцкеста форма на оригиналниот модел, а потоа ја модернизирал и прилагодил на современите текови на автомобилската индустрија.
Имено, Македонскиот дизајнер Дејан Христов неодамна ја престави својата визија за екстра модерно Југо, со облик инспириран од оригиналниот модел од осумдесеттите.
Во време кога сè поголем број автомобилски дизајнери инспирацијата за новите модели ги наоѓаат во дизајните од минатото, со стилски детали применети на електричните возила од иднината, наш дизајнер направи интересна интерпретација на југото за 21 век.
Цртежите се дело на независниот дизајнер Дејан Христов, кој својата љубов кон автомобилите ја претвора во интересни проекти, како современата верзија на моделот на Застава.
Неговото југо е замислено со електричен погон, кој би конкурирал со цената.
Како што јавуваат српските медиуми, Дејан Христов планира за својот проект да ја информира српската влада и во неговата реализација би можеле да учествуваат Римац автомобили или Стелантис групација, која е сопственик на фабриката во Крауевац.