Македонец со сите нишани: А извајаното тело е негов адут
Силен, снажен, беспрекорен тонус, модерен и љубител на животните. Ова се само дел од епитетите за Бојан Илиевски, еден од најдобрите фитнес тренери кај нас.
Речиси секој момент го поминува во обликување на телото. Со напорни вежби успеа од себе да направи вистински фит маж кој не е само подвижен мускул, туку и нешто повеќе.
Неговата упорност, вештина и карактер го однесоа на многу престижни фитнес натпреварувања, а тој сега е шест кратен победник на “Men physique champion” и има освоено и многу други регионални и европски натпреварувања.
Покрај тоа што вежба во теретана, често е на падините на Водно каде ги прави кондиционите вежби.
Моментално се одмата во Шпанија, на Мајорка. Од таму ни пристигнуваат фотки од неговото извајано тело, па уверете се и сами во каква форма е: