Македонецот кој со пораки на картон ја насмеа земјава

Креативноста не познава граници и ја има во секаква форма, дури и на картон. Ама овој наш картон зборува и пренесува пораки од секојдневието, од секојдневните настани, од животот воопшто...

Кристијан Станковски на Инстаграм се потпишува како „Bombakis“. Ако сакате од срце да се насмеете, мора да појдете на неговиот профил. Тој на уникатен начен наместо да пишува реферати под фотографиите, едноставно своите кратки креативни мисли ги запишува на картон, ги држи во раката фотографиран на разлини локации и не може, а да не биде забележан.

Испишува секакви пораки поврзани со разноразни нешта кои или се актуелни во моментов или се безвремени, со доза на неговиот интересен хумор.

Често се фотографира и со наши познати личности кои исто така на картон ги споделуваат пораките.

Еве како тоа изгледа: