Македонија денеска против Тунис, бараме втора победа на мундијалот во Полска

Македонија денеска од 18 часот игра со Тунис, втор натпревар за нашата ракометна репрезентација на светското првенство во Полска.

По триумфот над Алжир, бараме втора победа во „Президент Купот“, Тунис е  противник со кој сме играле пет пати досега и имаме две победи и три порази. Последен пат се сретнавме на светското првенство во Франција во 2017 година и победивме со 34-30.