Спорт // Спорт
Македонија Ѓорче Петров и Мухарем Бајрами ја завршија соработката
ФК Македонија ЃП објави дека денес спогодбено се раздели со досегашниот тренер Мухарем Бајрами, кој ја водеше со успех екипа во изминатите 18 месеци.
Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Мухарем Бајрами почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија по вторпат или првпат после 16 години.
„Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер“ - објави ФК Македонија ЃП.
За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Мухарем Бајрами и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина.