Македонија против Италија и Шведска во квалификациите за СП 2024

Македонската репрезентација во  футсал ,  во квалификациите за пласман на Светско првенство во 2024 година ќе игра во квалификациската група 10, од вкупно 12, така реши ждрепката а противници се селекциите на Италија и Шведска.

Според програмата, сите победници од групите, и  четирите најдобровторопласирани ќе одат понатаму квалификацискиот циклус, односно во  елитната рунда. 

Квалификаците започнуваат на 12 септември 2022, а ќе завршат на 8 март 2023 година.


Група 10: Италија, Македонија, Шведска