Македонска бомба на убавината: Цеце Георгиев го запали Интернет со новата фотка

Таа е најтрофејната наша мисица. Неколку пати го прошета светот и натпреварите за убавина, а како манекенка беше заштитно лице на многу рекламни кампањи. 

Цеце Орешкова, сега Георгиев е омажена за нашиот најпознат манекен и стоматолог, Кристијан Георгиев и ја имаат ќерката Кара Розмари. Подеднакво е успешна и на друго поле, а тоа е коњичкиот спорт. 

Често споделува фотографии токму како вежба со коњот Чарли, но сега ја гледаме во едно поинакво издание- летно, цветно и провокативно