Македонска премиера на Volkswagen ID.7
· ID.7 е првиот целосно електричен Volkswagen во средната класа на возила, со димензии и особини карактеристични за горниот дел од класата и за автомобилскиот пазар воопшто.
· Лансирањето ID.7 во Mакедонија се одржа на 23.01.2024 во салонот на Volkswagen.
Volkswagen го претстави новиот ID.7 на македонскиот пазар. „ID.7 e првиот глобален електричен модел на марката во средната класа на возила, со димензии и особини карактеристични за горниот дел од класата и за автомобилскиот пазар воопшто. Комбинираниот опсег од над 600 километри според WLTP, супериорниот погон, пространата внатрешност и врвните технологии го прават ID.7 удобна лимузина за патување на долги растојанија и отвораат нов сегмент за ID. семејството. Долг речиси пет метри, моделот има висококвалитетен изглед и подобрен концепт на ракување фокусиран на клиентите“ – истакна Продукт Менаџерот на Volkswagen Патнички возила, Камелија Кец.
ID.7 е првиот MEB модел задвижуван од електричен мотор од целосно новата генерација. Со максималните 210 kW (286 КС), тој е најмоќниот електричен мотор до сега вграден во Volkswagen ID. Оваа погонска единица со интерна ознака APP550 е развиена заедно со Volkswagen Group Components во Касел (Германија) и кај ID.7 се вградува во независно од избраната големина на батеријата.
Најважните моменти на Volkswagen ID.7
› Првиот Volkswagen со нов концепт за ракување, нов дисплеј и ексклузивни опции на опрема
Следните карактеристики се вклучени како стандард:
· 15-инчен екран на инфозабавниот систем
· head-up дисплеј со изменета реалност
· нов концепт на ракување со контроли за климатизација интегрирани и лесно достапни преку екранот на инфозабавниот систем, како и копчиња за омилени кратенки
· лизгачки контроли чувствителни на допир со заднинско осветлување
› Со новите седишта со повеќе програми за масажа и електронски затемнувачкиот панорамски покрив, ID.7 нуди опции за опрема кои инаку се присутни само во повисоките класи на премиум конкуренти.
Новиот панорамски покрив со паметно стакло може да се префрли помеѓу непроѕирни и проѕирни сегменти со помош на контрола на допир. Како и многу други функции во ID.7, покривот може да се ракува и со природни гласовни команди – ова се случува со помош на новиот гласовен асистент IDA. Опционалните предни седишта се исто така нов развој: за прв пат во Volkswagen се нудат ErgoActive премиум седишта со програми за масажа и динамична климатизација со вградена функција за сушење.
› Подобрени системи за помош, најдобри во својата класа
Системот за помош при патување по потреба може да ја преземе страничната и надолжната контрола на ID.7 со примена на податоци кои се споделуваат помеѓу останатите корисници. Volkswagen ја разви оваа функција заедно со CARIAD, софтверската компанија на групацијата VW. Доколку сакате, ID.7 може да користи и Travel Assist за да поддржува менување лента на автопат со повеќе ленти при брзини над 90 км/ч. Возачот е активно вклучен во процесот на возењето, но напорот е значително намален. Кога станува збор за паркирање, електричниот Volkswagen може самостојно да врши помошни маневри на различни начини.
› Аеродинамичните сили на ID.7
ID.7 има речиси целосно затворено подвозје. Ова е дополнето со ново развиените спојлери на тркалата кај предните тркала. Тие го водат воздухот по тркалата под возилото со минимална турбуленција. Воздушните завеси на страните на предниот браник го насочуваат воздухот околу предниот дел на возилото со минимална загуба. Разгорените странични прагови го спречуваат протокот на воздухот во долниот дел од каросеријата и ги штитат задните гуми од воздух што струи кон нив. Дополнително, малите спојлери и панелите за обложување ги водат протокот на воздух на долната страна.
› Лесно разбирлива понуда
Благодарение на опционалните, јасно дизајнирани пакети опрема, ID.7 е особено лесен за конфигурирање.
Пакетот за внатрешност вклучува функции како што се електрични ergoActive комфорни седишта напред со мемориска функција и програми за масажа, функција за удобен влез и излез, прилагодлива поддршка за бутовите, пневматска лумбална поддршка плус амбиентално осветлување со 30 различни бои.
Пакетот за внатрешност „Плус“ вклучува дополнителни воздушни перничиња и систем за озвучување Харман Кардон со дванаесет звучници плус централен звучник, вкупна моќност од 700 вати, дигитален засилувач со 16 канали и сабвуфер. Дополнително, премиум ergoActive седиштата нудат интелигентна контрола на климата на седиштата и активирање на лумбалната и карличната област.
Достапен е и опционален надворешен пакет, вклучувајќи функции како што се IQ-Light LED Matrix фарови, затемнети задни стакла и функцијата за отворање и затворање на багажниот простор контролирана со сензор за лесно отворање и затворање.
Надворешниот пакет „Плус“ исто така вклучува прогресивно управување и DCC адаптивна контрола на потпирањето, вклучувајќи избор на профили за возење.
„Севкупно, новиот ID.7 на најдобар начин ја заокружува понудата на Volkswagen во повисоките пазарни сегменти“ – заклучи Бренд Менаџерот Volkswagen Патнички возила, Александар Цветковски.
*пр објава