Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците
Македонски Телеком ги отвора вратите на својот прв продажен простор од овој вид, со целосно нов и освежен концепт за корисничко искуство, поставувајќи нови стандарди во односите со своите корисници. Со новиот малопродажен концепт применет во продавницата во Капитол мол во Скопје, Телеком воведува отворен и пријатен амбиент без физички бариери помеѓу продажните агенти и корисниците, создавајќи простор за непосредна комуникација и консултации.
Новината кај овој пристап е префрлањето на интеракцијата со корисниците од „стоење на шалтер“ на маса за консултации, што овозможува продажните агенти да ги опслужуваат корисниците со максимална посветеност и внимание, во пријатна и опуштена атмосфера и со повеќе време за нивна едукација за актуелните трендови. Со оваа нова поставеност, секоја посета се претвора во лично искуство со фокус на индивидуалните потреби на корисниците.
Новата поставеност ги охрабрува корисниците уште во продавницата да ги споделат своите впечатоци преку интерактивниот „Ѕид за фидбек“, овозможувајќи директен увид во нивните мислења и коментари во реално време.
Македонски Телеком продолжува да гради извонредни кориснички искуства со воведување иновативни решенија и услуги и носејќи позитивни промени во начинот на интеракција со своите корисници.
ПР објава