Македонскиот дизајнер го облече голиот Давид

Тој е еден од најдобрите дизајнери во соседна Бугарија. Ја облече и големата холивудската актерка Софија Вергара, а бугарските мега ѕвезди често носат негови креации. Борче Ристовски потекнува од Македонска Каменица. Во бугарската престолнина дипломирал на Националнта академија за уметност и решил да се занимава како моден дизајнер. Работи под етикетата „Beyond“.

*Холивудската актерка Софија Вергара во креација на Ристовски

Многу е акативен на социјалните мрежи, а во периодот на изолација постојано нешто создава. Овој пат, инсирација му беше да ја облече репликата од Давид- мермерното ренесансно ремек- дело на Микеланџело. Борче ја создаде скулптурата во мини верзија и го дотера Давид во современо издание, односно како Давид би изгледал денес низ призмата на дизајнерот.

Еве го исходот, наметка и гаќи со мотиви од горогонот Медуза.


А, ова се само мал дел од најновите фантастични креации на дизајнерот.

Н.Т.