Тренд // Стил
Македонскиот секси манекен Андреј во реклама на Кајмаканските Острови: Светско, а наше
- 23 Август, 2024
Андреј Пајмакоски веќе со години работи како интернационален модел па неговите успеси никако не остануваат незабележани.
Помеѓу последните проекти беше и рекламната летна кампања за Шпанскиот бренд Polinesia. Каде заедно со другите модели престојуваа на повеќе егзотични дестинации за да ја снимат рекламата, а последно и на Кајмаканските Острови.
Пајмакоски го застапува една од најдобрите светски агенции ЕЛИТ па несомнено дека го ангажираат за добри брендови и кампањи.
Светски, професионален и со неговата егзотична убавина Андреј има што да покаже во интернационалниот моделинг.
Ние сме секако горди и благодарни на неговите успеси кои ќе бидат запаметени во поновата модна историја велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент .