МАЛИ, НО ШТЕТНИ НАВИКИ кои ја цедат вашата енергија
Нашите навики се она, кое што ние претставуваме. Ако практикуваме позитивни секојдневни навики, создаваме кај себе позитивна и значајна насока на движење. Кога сепак тие се негативни и штетни, се будиме секој ден во длабока дупка, истовремено прашувајќи се како сме се нашле таму.
Клучот е да се разбере како навиките можат да ни бидат од помош и да придонесат за позитивен развој во нашите животи. Ви претставуваме неколку често практикувани „штетни навики“, кои буквално ја „цедат“ нашата енергија, предизвикувајќи повеќе лошо, отколку добро.
1. Не ги завршувате работите
Да, тоа е навика. Дали станува збор за исфрлање на ѓубрето или ветување за нешто - и во двата случаи станува збор за иста навика - да не ги завршувате работите кои ги планирате. Она што не сфаќате е дека на тој начин си создавате повеќе работа.
2. Не одвојувате време за спиење
Трката „јас работам повеќе и спијам помалку од тебе“ е лажна. Луѓето по природа треба да спијат. Сонот е потребен за да функционира телото. И да не сакате, по некое време ќе заспиете. Затоа е добро да имате јасен распоред. Нека сонот биде приоритет.
3. Кажувате повеќе негативни зборови, отколку позитивни
Негативноста ја топи енергијата која ја имаме во себе. И не само тоа, дури и на луѓето околу нас. Откријте оптимистички хоризонт и фокусирајте се на него.
4. Вие „треба да сте во право“
Нема ништо понепријатно од бескрајната конфронтација.
5. Заборавате да дишете
Токму така. Го кажуваме тоа во буквална смисла. Ако не си давате време во кое ќе се поврзете со вашиот внатрешен свет, вие не дишете. Едноставно сте зафатени. Опстанувате.
6. Го проверувате мејлот постојано
Никој за никаде не тргнал. Никој не умира. Опуштете се.
7. Внесувате премногу слатка храна
Еден здравствен совет: јаглехидратите во благата храна го зголемуваат нагло инсулинот. Ако појадокот е овошна салата, тоа може да објасни зошто во првиот час се чувствувате сити, а по вториот ви се спие. Консумирајте помалку шеќер.
8. Пиете премногу кафе
Трикот е во мерката.
9. Само работите, не се забавувате
Особено ако сте во креативната индустрија.
10. Кругот од пријатели ви е едноличен
А тоа може да биде исклучително заморно. Опкружете се од интересни и различни луѓе. Не само од оние кои мислат како вас.
11. Не тренирате
Назад на популарното мислење, кога седите на едно место, не се полните со енергија, бидејќи ... не ја исцрпувате. На телото му треба поттик. Нешто да го провоцира. Дајте му слобода.
12. Се обидувате да завршите повеќе работи одеднаш
Уметност е да се научите да работите на еден проект. На овој начин енергијата не се исцрпува толку брзо.
13. Не изразувате благодарност
Да живеете среќен живот не е толку тешко, кога изразувате благодарност за она што го постигнувате и заработувате.
14. Не слушате
Кога не ги слушате другите, вие покажувате непочитување кон нив. Во одговор тие реагираат негативно спрема вас. Маѓепсаниот круг почнува и нема завршување.
15. Не го правете она, што го сакате
Навика која најмногу ја исцрпува енергијата на човекот. Да не ви се допаѓа она што го правите, е ужасно.
Променете ја ситуацијата!