MANHART го претстави најбрзиот BMW M8 до сега

Ако моделот на BMW M8 Competition не беше доволно брз за вас, Manhart Performance, само го премина сите граници…

Моторот на познатиот автомобил, 4,4-литарски твин-турбо V8, е надграден за да испорача 823 коњски сили и 1.050 Nm вртежен момент. Според брендот, Менхарт МХ8 800 може да забрза од нула до сто километри на час за 2,6 секунди, што е значително подобрување од 3,2 секунди на фабричкиот модел М8.

На овој начин, ова стана најбрзиот BMW M8 во светот, а во исто време и еден од најбрзите автомобили досега.

На надворешноста на овој ѕвер, можеме да забележиме некои визуелни третмани и прилагодувања, како што се поагресивен преден и заден спојлер, дифузери, златни акценти, задни пригушувачи со далечински управувач направен од не'рѓосувачки челик, со изборни детали за карбон-керамика.

Во внатрешноста на возачката кабина, моделот доби карбонски пакет. Манхарт го претстави овој автомобил во соработка со AutoTopNL, каде ѕверот на германскиот Autobahn забрзува до 311 километар на час. 

Дали е доволно брзо сега, или ќе добие нова фантастична модификација наскоро, останува да се види…