Спорт // Спорт
Мареј го предаде мечот, Ѓоковиќ без борба во четвртфинале на Мастерсот во Мадрид
Енди Мареј нема да настапи против Новак Ѓоковиќ на Мастерс турнирот во Мадрид, Шпанија.
Причината е што Британецот Мареј имал лесно труење со храна , ги информирал организаторите дека нема да настапи во осминафиналето.
Поради ова, пропуштена е можноста, Ѓоковиќ и Мареј да играат меѓусебе за првпат по пауза од пет години, последен пат се сретнаа на турнир во Доха во 2017 година.
Сега Ѓоковиќ во четвртфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Хурберт Хуркач (Полска) – Душан Лајовиќ (Србија).