Маргарет Кинан, жената која прва ја прими вакцината во Британија: Апелира сите да се вакцинираат оти таа се чувствува одлично

Сите очи на светот беа вперени во Маргарет Кинан, Британката која има 90 години и е првата која ја прими вакцината на Фајзер.

– Се чувствувам одлично и многу ми е мило дека си одам дома за да поминам квалитетно време со своето семејство – изјавила Кинан.

Откако ја примила вакцината кратко е задржана во локалната болница поради проверка на срцето, пренесува Ројтерс.

Таа изјави дека денот кога ја примила вакцината е многу важен и за неа и за светот и апелирала граѓаните да се пријават за вакцинирање против ковид-19.