Марина Туцаковиќ: Ќе ви отиде детето на екскурзија, па се плашите како ќе стигне, јас го изгубив своето, што може полошо да ми се случи
Зад себе остави огромно творештво. Безброј хитови, зборови кои лечат и ја парчат душата... Нејзината беше распарчена и пред да почине. Марина Туцакович замина во вечноста, таму кај што е нејзиниот син , кој прерано си отиде од овој свет.
Никогаш не го преболе.
Еве што зборуваше за тоа:
- Карционом на дојка, вода тргна кон белите дробови ... Поминав низ пекол. Но едноставно кога бев сместена на онкологија полусвесна некако не чувствував никаков страв-вели Марина и додава:
-Беше тоа - ќе биде што ќе биде. Го изгубив детето, што може полошо да ми се случи. Зарем не?
За најтешкиот момент кој мајка може да го доживее, да го изгуби своето дете, Марина вели:
- Ќе ви отиде детето на екскурзија, па се плашите како ќе стигне. Секогаш имате страв за личности кои ги сакате. Интересно, јас таа ноќ ... Тој беше толку весел, толку се смеевме, навистина не можев да имам лошо претчувство. Колку што имав порано од стравови ... И ете баш се случи тоа на што тогаш сигурно не сум се надевала. Не го очекував тоа.