Машка елеганција со мала нијанса на иронија: пафемот Toy Boy

Машкиот парфем Moschino Toy Boy е како возбудлива и бесконечна игра за откривање слобода. Неговиот интензивен, динамичен мирис ви нуди машка елеганција со мала нијанса на иронија.

Приказната за мирисот

Toy Boy е првиот машки мирис дизајниран за Москино од креативниот директор и дизајнер Џереми Скот. Шишето со парфем уште еднаш беше дизајнирано во форма на култното плишано мече Москино, кое за таа прилика беше завиткано во непроирен црн лак. Ироничен е затоа што созава чудна возбуда кај околината и секако, накмногу поради тоа што шишенцето е во форма на мече, а е наменет за силни мажи.

Врвните ноти се освежуваат со есенции од италијански бергамот и сочна круша. Контрастната топлина е создадена од каранфилче збогатено со дрво од елеми и морско оревче. Средните ноти полека развиваат комбинација од магична магнолија, лен и цвеќиња од роза придружени со ноти од кашмир. Ветиверот од Хаити, Амбермакс и мошус силколид ќе се погрижат за машката нота.