Тренд // Стил
Машкиот парфем од Оман: Многу редок, мистичен и управуван од сила и амбиција
- 11 Јануари, 2024 15:00

Amouage Epic Man е луксузен, гламурозен и сензуален парфем за мажи. Инспириран e од Турандот на Пучини, поттикнат и управуван од сила и амбиција.
Во срцето на овој неодолив, софистициран, харизматичен и мистичен парфем се гераниум и миро, додека основата на парфемот се состои од мешавина од агар, пачули, темјан, кожа, сандалово дрво, стајрак, кедар, мошус и кастореум.
Надворешното пакување на парфемот е во рустикално кафена боја, а наликува на античка кутија.