Масовната гробница со остатоци од 215 домородни деца била откриена во Канада

Станува збор за ученици од училиште за домородни деца во близина на градот Камплупса во Британска Колумбија, а нивните остатоци се пронајдени со помош на посебен радар, било соопштено од локалната домородна заедница, пренесува "Guardian".

Некои од пронајдените остатоци им припаѓаат на деца од три години, но примероците и времето на нивната смрт се уште не се познати, а училиштето под водство на Римокатоличката црква работела од 1890-та година, се до 1979-та година.


Ова откритие премиерот Џастин Трудо во петокот го нарекол страшен потсетник на срамното поглавје во историјата на таа земја.

Шестгодишната истрага на канадскиот интернатски систем, низ кој минале најмалку 150.000 домородни деца кои насилно биле одвојувани од своите семејства, во 2015-та година утврдила дека тој во меѓувреме укинат систем претставувал културен геноцид во кој емоционалното, но и сексуалното злоставување било многу распространето како и принудната работа.

Во истите документи се споменува дека учесниците биле изложени на епидемии на морбили, турберкулоза, грип и други заразни болести, а многумина и починале.