МАСОВНО ЗАТВОРСКО БЕГСТВО: Десетици жртви - меѓу нив и водачот на бандата (ВИДЕО)
Масовно затворско бегство го тресе главниот град на Хаит. Има најмалку 25 мртви, јавуваат странските агенции.
Меѓу загинатите како се пренесува е и Анел Жозеф, шеф на позната банда кој исто така избегал од затворот во Порт о Пренсо, главниот град на Хаити.
Како се наведува Жозеф стигнал стотина километри понатаму со лисици на рацете така што непознато лице го возело со мотоцикл. На еден контролен пункт потегнал пиштол кон полицијата која потоа го застрелала.
Идентитетот на останатите жртви, како што пренесе Б92 е непознат, а опфицијални лица потврдиле дека меѓу загинатите е и директорот на тој затвор, како и дека бегалците пукале на цивили.
Во четвртокот околу пладне повеќе од 400 затвореници под нејасни околности избегале од затворот. Очевидци слушнале пукотници.
Во блиската продавница за облека работници биле принудени на бегалците да им дадат облека.