Од Max&Co ви препорачуваат: не пропуштајте да наминете во новиот моден трезор на италијанскиот бренд Max&Co. во трговскиот центар Сити мол во Скопје.
Отсега ќе имате можност да уживате во моделите на овој италијански бренд кој отсекогаш имал непогрешлив моден израз и којшто жените кои држат до својот стил добро го познаваат.
Бутикот којшто се отвори кај нас, ќе биде незаобиколна станица за сите девојки и жени коишто сакаат да изгледаат беспрекорно во секоја пригода и во секој дел од денот.