Маж и жена сакаа да ме киднапираат пред влез и да ме прелажат со чоколадо: Елена Ристеска за немилиот настан од детството

Пејачката Елена Ристеска во поткастот на Стефан Лазаров, откри работи за кои досега не сме ги знаеле многу за неа.

Зборуваше за ситуација во детството, кога маж и жена се обиделе да ја прелажат и најверојатно да ја киднапираат. Елена во детали ја опиша ситуацијата во која се нашла, кога непознатите за неа луѓе се обиделе да ја прелажат со „барање на маче“, а потоа со чоколада.

„Бев четврто или петто одделение, ги чекав родителите за да појдеме заедно нешто да купиме и седевме како и секогаш групно, може 40-50 деца пред маало во Ново Лисиче, каде што сум израсната. Во еден момент јас малку се оддалечив ги чекав родителите да ме земат. Ги почекав пред влезот, ми пријдоа едни двајца машко и женско, почнаа да ми зборуваат „имаме едно маченце да го побараме“, а јас стоев пред другиот влез. Тоа ме поведе да тргнам по нив да го бараме маченцето. Меѓутоа во еден момент како стигнуваме тука пред скалите на влезот, мажот ми вика „Како се викаш?“, јас велам „Елена“. „Ние сега ќе јадеме чоколадо“, кога видоа дека се доближуваат другите деца … вели „Немаме доволно за сите деца“. Од еднаш на маче се префрли на чоколадо ќе јадеме. Колку и да сум била мала, веројатно тоа веќе ме освестило и тоа било некоја аларм, дека нешто не е во ред“, вели Елена.

Во тој момент се сетила и на зборовите од родителите кои ни „одѕвонувале“ во ушите, да не прифаќаме што ни се нуди од непознати, ниту пак да зборуваме со некој што не го познаваме. Така во тој момент и Елена се сетила на зборовите на нејзината мајка.

„И сфатив дека нешто е слично на она што ми го зборувала мајка ми „доколку некој ти нуди чоколатце, бонбонче, немој да те залаже, постојат лоши луѓе“. Сето тоа ми било зборувано, мене ми се врати како една слика, еден филм и само сфатив дека тука ќе претстои нешто лошо, како дете не знаев што, веројатно некое киднапирање. Само избегав и им кажав на моите родители, во еден момент јас не можев да кажам ништо, тоа беше состојба на шок. Кога малку се потсмирив, им кажувам што се случило. Следниот ден кај нас дојдоа полицајци. Мислам дека во Велес ги фатија и не сум била јас првото дете што сакале нешто да му направат“, раскажа Елена.

Фото: Инстаграм