Маж својот тркачки автомобил го паркираше во дневната соба и ја налути јавноста: Еве за што го обвинија
Адријан Портели, млад австралиски претприемач, предизвика гнев
во јавноста кога паркираше автомобил вреден три милиони долари во својот иден
стан на 57-ми кат од една зграда.
Адријан Портели, велат, ја налутил јавноста поради неразумното трошење пари. Откако ја збогатил својата колекција со Мекларен вреден 3 милиони долари, решил да го паркира во дневната соба на својот дом вреден 39 милиони долари.
Сепак, тој не живее во куќа, туку во пентхаус на 57 кат. За да го „паркира“ морал да употреби специјален кран, а во целиот маневар учествувал цел тим работници.
Имено, освен што морале да подигнат скап товар, работниците претходно го отстраниле стаклениот ѕид од фасадата на облакодерот за да го сместат скапиот автомобил во станот.
Многумина, се разбира, се прашуваа зошто го прави сето тоа и ако веќе не мислел да вози таков посебен автомобил, зошто воопшто го купувал. Неговиот одговор дополнително ја разбесни јавноста.
Talk about a rich flex.
— 9News Melbourne (@9NewsMelb) May 10, 2023
Melbourne businessman Adrian Portelli has successfully craned in a 3 million McLaren Senna GTR into his 9 million penthouse, located on the 57th floor of the Sapphire by the Gardens building.
DETAILS: https://t.co/uHjc5rzqNk#9News pic.twitter.com/mILOP0wHnm
„Не можам да го регистрирам овој автомобил за користење на патиштата, па зошто само да собира прашина во гаражата. Решив да го ставам на безбедно, на 57 кат! Им благодарам на сите што учествувавте и овозможивте да се случи овој апсолутно надреален момент“, се вели во објавата на Портели.
Мекларен произведе само 75 примероци од овој автомобил наменети за возење исклучиво на тркачка патека. Станува збор за моделот Senna GTR придвижуван од 4.0 V8 мотор со 825 КС.
Ова е еден од најбрзите автомобили на денешницата, па на многу љубители на автомобили им е жал што овој пример ќе остане „заробен“ на врвот на облакодер.